Се гради третата фаза од атмосферска канализација на улицата „Жарко Зрењанин”

Општина Кисела Вода започна со изградба на трета фаза од атмосферска канализација на „Жарко Зрењанин”
Започнува изградба на трета фаза од атмосферската канализација на улицата „Жарко Зрењанин”, како завршен дел предвидената атмосферска мрежа долга 1920 метри, која треба да се протега долж целата улица.

Градоначалникот на општина Кисела Вода денес изврши увид во отпочнувањето на градежните активности на фирмата „Карпош АД” Скопје, која на терен ќе работи во наредните три месеци. Ќе бидат поставени армирано-бетонски вибропресувани цевки со различни дијаметри во должина од 305 метри.  Исто така е предвидено и поставување на 16 сливници и 5 шахти.

1

Општина Кисела Вода апелира до сите граѓани кои живеат на оваа улица или во близина, за нивно трпение и разбирање додека траат градежните зафати, бидејќи реализацијата на овој крупен проект, ќе значи решение на проблемот со атмосферските води со кој се соочуваат околу 1500 жители токму од овој дел од населбата Драчево.

За реализација на овој проект, општина Кисела Вода издвои околу 6 920 000 денари од својот буџет.