Општина Центар и годинава ќе субвенционира купување велосипед

Општина центар и годинава ќе субвенционира купување велосипед
Општина центар и годинава ќе субвенционира купување велосипед

Од мај жителите на општина Центар ќе можат да аплицираат за субвенции за купен велосипед. Општината и годинава ќе го спроведува проектот „Цел Центар на точка” со кој е предвидено да бидат субвенционирани околу 1.000 граѓани. Општината како и минатата година ќе субвенционира 30 отсто од цената на велосипедот, но не повеќе од 3.000 денари за секој купен велосипед.
Право на субвенција имаат само полнолетните граѓани. За добивање паричната помош жителите на Центар треба до општината да поднесат: копија од лична карта, копија од трансакциска сметка, фискална сметка со сметко-потврда или фактура за купен велосипед.

Барањата со комплетната документација се доставуваат во архивата на Општина Центар.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.