ВМРО-ДПМНЕ: Kaкo што наближуваат изборите така расте паниката меѓу криминалната банда од СДСМ

Kaкo што наближуваат изборите, така расте паниката меѓу криминалната банда од СДСМ, бидејќи тие се свесни дека на 6 јуни ќе дојде крајот на сите лаги и манипулации и дека ќе сносат одговорност за се што направија периодов, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Во продолжение следува интегрален текст од реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ.

 Во прес конференцијата на Александар Кирацовски јасно се чита очајот и фрустрираноста на СДСМ од неуспехот на нивното сценарио. Ова не е ништо друго освен уште еден обид за креирање алиби за катастрофалниот пораз кој неминовно им престои.

Илјадниците граѓани кои СДСМ ги прогласи за фантоми излегоа дека се граѓани на Македонија, со долгогодишна адреса, со име, со презиме, со достоинство. За ваквиот обид СДСМ да ги навредува и исмејува сопствените граѓани, скапо ќе плати.

Очигледно тоа што го говорат рејтинзите и поддршката на народот, кај СДСМ предизвикува се посилна нервоза. Очекуваме како што ќе се ближи датумот на изборите така во СДСМ да расте стравот и ваквите прес конференции на работ на разумот да станат уште почести.

Како почнале Кирацовски и бандитското раководство на СДСМ на крајот не би не зачудило и сопствените членови да ги обвинат дека работат во интерес на ВМРО-ДПМНЕ. Оваа параноична состојба во раководството на СДСМ ќе заврши на 5 јуни со нивниот десети јубилеен пораз, кога неславно ќе заврши нивното деструктивно сценарио.