вторник, 28 март 2017  |  Вести денес: 55

Меркел со поддршка за Ердоган за цензурираната програма на ЦДФ

Меркел и нејзиниот турски колега премиерот Ахмет Давутоглу во саботата навечер разговарале преку телефон за ова прашање за кое германската кацеларка недвосмислено му дала поддршка на шефот на турската држава.

99091544

Последни вести

Германската канцеларка Ангела Меркел смета дека поемата на германскиот сатиричар Јан Бехерман објавена на јавниот ТВ сервис ЦДФ во која се зборува за турскиот претседател Ердоган е текст кој што имал „цел да навреди“.

Според портпарлот на Владата во Берлин Штефан Зајберт во текот на разговорот двете страни се согласиле дека се работи за несомнено навредлив текст.

Државната телевизија ЦДФ уште во петокот го избриша видеото од својој веб сајт и од Јутјуб каналот затоа што како што објасни програмскиот директор на телевизијата Норберт Химлер во иронијата и сатирата има граници, кои што во овој случај биле пречекорени.

Во текот на минатата недела претставници на германското Министерство за надворешни работи го одбија дипломатскиот протест на Анкара во врска со музички спот објавен на друг јавен сервис АРД во кој се споменуваат врски на Ердоган со ИСИС, затворање на медиуми, начинот на кој Турција се справува во Курдите и други теми поврзани со турскиот претседател. Во тој случај објаснувањето на официјален Берлин беше дека слободата на печатот и говор е загарантирано право во Германија.

Реџеп Таип Ердоган е главниот партнер во спроведување на европскиот план за запирање на бегалскиот бран од Сирија и Ирак. За возврат за своите активности при спречување на бегалците да дојдат во Европа, Турција треба да добие шест милијарди евра, безвизен режим за своите граѓани при влез во ЕУ и забрзување на евроинтеграциите.

Најчитани вести