Груевски: Девет милиони евра субвенции за земјоделците од Преспа, за овоштарите 7,3 милиони

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски при посетата во Ресен денеска истакна дека земјоделците од Преспанскиот регион имаат добиено девет милиони евра субвенции.

Тој додаде дека само за овоштарите се исплатени 7,3 милиони евра, а од декември лани до денес на овоштарите во земјава им се исплатени 4,3 милиони евра.

– Покрај исплатата за лица кои имаат овошни насади, веќе оваа недела се очекува во трезорот на Министерството за финансии да пристигнат исплатите за тутунот, што е предаден после 16-ти јануари. При крајот на оваа недела и на почетокот од следната ќе започне исплата на 500 милиони денари за тутунарите за нивниот род, односно предадениот тутун по 16-ти јануари, најави Груевски.