четврток, 25 мај 2017  |  Вести денес: 37

ВОЗНЕМИРУВАЧКО ВИДЕО: Воз разнесе двокатен автобус, три лица загинаа

Воз разнесе двокатен автобус. Светските медиуми го пренесуваат ова вознемирувачко видео од страшната сообраќајна несреќа во Тајланд, во која што најмалку тројца туристи загинаа, а десетина се повредени.

voz-raznese-avtobus-naslovna

Последни вести

Воз разнесе двокатен автобус. Светските медиуми го пренесуваат ова вознемирувачко видео од страшната сообраќајна несреќа во Тајланд, во која што најмалку тројца туристи загинаа, а десетина се повредени.

Британски „Индепендент“ пак пишува дека дури 30 лица се повредени во несреќата во која што воз разнесе двокатен автобус.

Несреќата се случила на железнички премин во Након Чаиси, источно од Банкок.

Двокатниот автобус по страшната несреќа во Тајланд

Воз разнесе двокатен автобус во Тајланд, најмалку три лица загинаа

Според медиумите, возот со голема брзина удрил во туристички автобус и го отфрлил десетина метри.

Снимката од надзорните камери го прикажува моментот на ударот на возот во двокатниот автобус полн со туристи.

Преминот бил отворен за сообраќај и немало никаква сигнализација во моментот кога со голема брзина удрил во автобусот.

На видео снимката се гледа како возот бавно ги преминува пругите и застанува пред да биде удрен од возот. Неколку секунди пред тоа автомобил ја помина пругата безбедно.

Веднаш по несреќата, може да се види возач на друг автобус како излегува и трча кон местото на несреќата.

„Њујорк Пост“ повикувајќи се на „Банког Пост“ пишува дека возачот на автобусот загинал на местото на несреќата, а дека други двајца патници им подлегнале на повредите во болница.

Еве го видеото од страшната несреќа:

Најчитани вести