Ова се најскапите патики во светот и чинат 4 милиони долари

Луксузниот бренд „Бисион“ и производител на патиките „Mache Custom Kick“ во соработка со дизајнерот Дан Гамаче со заеднички сили ги направиле најскапите патики на светот кои чинат неверојатни 4 милиони долари.

Овие најскапи патики во светот „Огнен мајмун“ (The Fire Monkey) името го добиле според кинескиот зодијак. Тие не би биле толку скапи доколку не се обложени со 18-каратно злато, бели дијаманти и со сини сафири.

И секако, веднаш се запишани во Гинисовата книга на рекорди како најскапи патики на светот.

Сите пари од нивната продажба ќе биде уплатена на непрофитабилната организација „Soles4Souls“, која се бори против сиромаштијата во светот.

Инаку, оваа организација донирала повеќе од 26 милиони пара патики во 127 земји низ светот од 2006 година.

Како изгледаат патиките погледнете во видеото: