Режисерот на Матрикс го смени полот

Режисерот на Матрикс го смени полот
Режисерот на Матрикс го смени полот

Лили Вачовски првпат се појави во јавноста откако призна дека го променила полот. Лили, која до неодамна беше Енди Вачовски, присуствувала во саботата на доделувањето на наградите ГЛААД, коишто ги организираат припадниците на ЛГБТ популацијата во медиумите. Лили пред еден месец објави емотивна порака со која потврди дека го променила полот. Пред шест години, и нејзиниот брат и соработник Лари стана жена и сега се вика Лана Вачовски.

На церемонијата и беше врачена награда за серијата „Осет8“ (Sense8), која е прогласена за најдобра драма.

Енди и Лана Вачовски
Енди и Лана Вачовски

Лили и Лана Вачовски беа браќата Енди и Лари кога се прославија низ светот како режисери на култната филмска сага „Матрикс“, а познати се и по филмовите „Атлас на облакот“ и „Јупитер во подем“. Го напишаа сценариото и го продуцираа популарниот филм „В за Вендета“.

Лили и Лана пред да го сменат полот
Лили и Лана пред да го сменат полот

Во 2010 година, Лари стана Лана, а сега и Енди го промени полот истакнувајќи дека целиот свој живот се чувствувал како жена. И двајцата поранешни браќа, сега сестри, истакнале дека се чувствувале заробени во сопствените тела и дека промената на полот би се случила пред или подоцна. Енди го промени полот четири години откако тоа го направи неговиот брат, односно сестра Лана.