Магазин

Адам Левин ги потврди гласините дека ќе стане татко

Адам Левин ги потврди гласините дека ќе стане татко

Фротменот на групата „Марон 5“, Адам Левин во минатото важеше за „непоправлив женкар“, кој со скршени срца остави голем број познати убавици.

Но, во 2012 година во неговиот живот влезе „ангелот“ на „Викторија Сикрет“,  Бехати Принслу, која две години подоцна ја однесе пред олтарот. Двојка сега го очекува и нивното прво дете.

Гласините за бременоста на Бехати се појавија пред еден месец, а Адам сега тоа и официјално го потврди на Инстаграм, објавувајќи фотогрфија на неговата убава сопруга, која ужива сончајќи се на непозната локација во црвени бикини.

– Моите двајца омилени фанови на „Лејкерс“, напиша Адам под фотогрфијата, вешто одбегнувајќи го откривањето на полот на детето, иако двојката тоа веќе го знае, имајќи предвид дека Бахати е бремена повеќе од четири месеци.

2

На двојката во љубовта не им пречи ни разликата од десет години, а Адам често истакнува дека убавата Бехати целосно го промени.

Адам, пред неа беше на многу лош глас по прашањето на жените. Во неговиот кревет се најдоа голем број познати убавици, како актерката Камерон Дијаз, пејачката Џесика Симпсон, а особено му беа омилени долгоногите манекенки, како Жанин Абек, Анџела Белот, Нина Агдал и Ана Вјалцина.

Еден месец по прекинувањето на врската со Ана, Адам почна да се гледа со нејзината колешка Бахати, која побара од него да им се извини на сите негови поранешни девојки кои ги повредил.