Обид за криумчарење на двајца мигранти

Во возило „голф“ во кое биле двајца мажи, едниот од Арачиново, а другиот од село Брест, општина Чучер Сандево, на 3 април на автопатот Гевгелија-Скопје, полицијата пронајде илегален мигрант од Авганистан.

МВР соопшти дека Основниот суд Скопје 1 на двајцата им изрекол мерка претпазливост.

На 31 март, пак, во 23 часот на граничниот премин Табановце, при контрола на „фолксваген“ со германска национална ознака, сопственост на 30-годишен Германец, во возилото под импровизиран кревет бил пронајден сокриен мигрант од Сирија.

На Германецот му е изречена „условна осуда“ казна затвор во траење од 10 месеци.