„Курир“: СЈО – база за згрижување на партиски кадри и членови на семејството

Специјалното јавно обвинителство на Катица Јанева станува база за згрижување на сдсмовски партиски кадри и членови на семејствата на потесниот круг соработници на Јанева. Според информациите, од вчера во СЈО се вработени нови 34 лица, пишува порталот „Курир“.

Од вчера во специјалното јавно обвинителство се вработени нови 34 лица. Во СЈО молчат и не ја информираа јавноста за ваквата одлука, иако станува збор за огромни средства кои ќе се одлеваат од буџетот по основ на плати.

Скандалот да биде поголем, според информациите на „Курир“, една од нововработените е Елена Јосифоска, чија мајка е обвинителка токму во СЈО, односно е дел од тимот на Катица Јанева. Нејзината ќерка не е единствената роднина на Елена Јосифовска која добила решение, бидејќи во СЈО е вработен и Владимир Миладиновски, кој е дел од нејзиното семејство.

За вработување на свој близок се изборил и обвинителот Гаврил Бубески. Неофицијално, решение за вработување добил Љупчо Чучурски од Берово, негов прв братучед.

Катица Јанева располага со огриомни средства кои и се доделени од буџетот, но барем засега изостанува отчет пред јавноста и пратениците како се трошат парите на граѓаните. Останува нејасно зосто Јанева бегаше и не сакаше да го брани извештајот во Собрание.

Експертите толкуваат дека се работи за мегаломанство и расфрлање со парите на граѓаните. Дел од медиумите вчера објавија дека кружат информации дека на платниот список на Катица Јанева се адвокатот Александар Тортевски, поранешниот обвинител Јован Трпеновски и професорот Светомир Шкариќ, кои секојдневно се појавуваат во медиумите да ги бранат ставовите на специјалното обвинителство.

 

Сепак, според анкетите, многу мал дел од граѓаните сметаат дека Катица Јанева и нејзиниот тим работат професионално и непристрасно. Имено, во истражувањата преку 60% од граѓаните сметаат дека Јанева е партиски експонент на СДСМ или постапува исклучиво по налог на некои меѓународни претставници.

Последната анкета покажа дека дури 64,3 проценти од испитаниците немаат доверба во работата на Катица Јанева и специјалното јавно обвинителство, а 67,8 проценти сметаат дека обвиненијата за одредени функционери на власта не се издржани. Високи 88 проценти од испитаниците велат и дека истите тие обвиненија на специјалното јавно обвинителство за одредени функционери на власта, нема да влијаат на одлуката за кого ќе гласаат на изборите.

Дали имате доверба во работата на Катица Јанева и специјалното јавно обвинителство ?
Процент
Немам доверба 64,3
Да, имам доверба 23,4
Нема одговор 12,3
Вкупно 100

 

Дали сметате дека обвиненијата на Катица Јанева и специјалното обвинителство за одредени функционери на власта се издржани или тие се политички мотивирани?
Процент
Издржани се 20,7
Не се издржани 67,8
Нема одговор 11,5
Вкупно 100

 

Дали обвиненијата на Специјалното обвинителство за одредени функционери на власта ќе влијаат на вашата одлука за кого да гласате на изборите?
Процент
Да 5,1
Не 88,4
Нема одговор 6,5
Вкупно 100

 

Генерално, дали работата на Катица Јанева и Специјалното јавно обвинителство е во насока на унапредување на правниот систем и правдата во Македонија или претставува обид на политички притисок врз власта?
Процент
Унапредување на правниот систем 19,8
Политички притисок врз власта 67,2
Нема одговор 13
Вкупно 100

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.