Ќе се гради пешачки мост кај „Св. Богородица”

Ќе се гради пешачки мост кај „Св. Богородица
Ќе се гради пешачки мост кај „Св. Богородица"(Фото: Утрински весник)

Град Скопје распиша конкурс за изработка на ахитектонско – урбанистичко идејно решение за пешачки мост на река Вардар од Кеј Димитар Влахов до Кеј 13-ти ноември.

„Мостот е предвиден со ДУП на Општина Центар. Ќе се гради бидејќи тука е црквата “Света Богородица”. Преку него граѓаните ќе имаат директен пристап до неа. Како ќе изгледа, ќе зависи од идејните решенија што ќе пристигнат на конкурсот”, рече градоначалникот на Скопје, Коце Трајановски.

На конкурсот ќе се доделат следните награди: главна награда – 100.000 денари во нето износ, втора награда – 70.000 денари во нето износ, трета награда – 50.000 денари во нето износ, еден откуп на труд – 10.000 денари во нето износ, втор откуп на труд – 10.000 денари во нето износ.