вторник, 25 јули 2017  |  Вести денес: 53

3 замрзнати коктели кои ќе ви помогнат полесно да го дочекате летото

Пролетта веќе започна, а со неа го донесе и топлото време кое не може, а да не не потсети на прекрасното лето кое е блиску.

3-zamrznati-kokteli-koi-ke-ve-vratat-vo-letnite-noki-01

Последни вести

Додека уживате во пролетните ноќи, изберете еден од овие 3 замрзнати коктели кои ќе ви помогнат полесно да го дочекате летото кое е пред вас.

Blue Hawaiian

Најдобриот коктел со кој ќе ја замените пролетната со летната вечерна магија. Неговиот овошен, необичен вкус ќе ве направи да се почувствувате како да сте на јахта, а бојата ќе ве потсетува на морето или океанот пред вас.

Се приготвува со една доза рум, две дози сок од ананас, една доза ликер Блу К*ракао, една доза ликер од кокос, сомелен мраз, парче ананас и цреша.

Сите дози ставете ги во блендер и измешајте. Ќе добиете прекрасна сина мешавина. Декорирајте со парчето ананас и цреша. Уживајте!

3-zamrznati-kokteli-koi-ke-ve-vratat-vo-letnite-noki-02

Kiwi Colada

Интересен, кисел коктел кој нема да ве остави рамнодушни. Се приготвува со 5 излупени киви, сомелен мраз, ¼ доза рум,  ¼  доза Мидори, три дози ликер од кокос и сок од ананас.

Прво ставете ги кивите во блендер. Потоа додадете ги дозите и мешајте се додека не добиете изедначена млечно – жолта боја.

Прекрасен коктел кој ќе стане ваш омилен откако ќе го пробате.

3-zamrznati-kokteli-koi-ke-ve-vratat-vo-letnite-noki-03

Black Magic

Покрај неговото необично име, има и необичен вкус кој ќе ве освои со својата обичност.

Се приготвува многу едноставно. Две дози вотка, две дози кофеински ликер и сок од лимон.

Се мешаат заедно во блендер и се додава сомелен мраз доколку сакате. Декорирајте со цреша и уживајте во неговата црна магија.

3-zamrznati-kokteli-koi-ke-ve-vratat-vo-letnite-noki-04

Најчитани вести