Бугарија е европскиот рај за синтетички дроги

Истражувањето покажало дека најпродавана нелегална супстанца е марихуаната и дека овој вид на наркотик се одгледува многу на територијата на Европската унија.

Втор по продаваност наркотик е хероинот, кој исто така се произведува во некои од земјите членки на унијата.

Понатака во него се вели дека околу 1,3 милиони лица во Европа употребуваат хероин, а годишниот размер на пазарот на овој вид дрога изнесува околу 6,8 милијарди евра.

Лаборатории за производство на хероин, кој се смета за тешка дрога, биле октриени во Шпанија и во Чешка, додека основните маршрути за шверц на оваа дрога почнуваат од Африка, јужен Кавказ, Сирија и Ирак.

Кокаин конзумираат околу 3,6 милиони европјани. Размерот на годишниот пазар на оваа, исто така тешка дрога, изнесува околу 5,7 милијарди евра.

Во трговијата со кокаин во Европа доминираат колумбиските и италијанските криминални групи. Многу блиску до нив се нигериските и балканските криминални групи, пишува во извештајот.

Европскиот центар за мониторинг на наркотиците предупредува дека има тесна поврзаност меѓу продажбата на дрога и финансирањето на терористички дејности. ​И експертите посочиле тесни врски меѓу дрогата и терористите.

Според нив, многу од „радикализираните се млади луѓе“, поврзани со џихадистички напади, имаат досиеја за употреба на наркотици или пак, за учество во трговија на мало со разни видови дроги. Тие ги „користат криминалните врски за да извршуваат терористички дејанија“, вели извештајот.

На презентацијата на извештајот во Брисел учествувал и директорот на Европол, Роб Вејнарајт, кој рекол дека околу една трета од криминалните групи, познати на безбедносните структури, „се занимаваат со трговија на наркотици“.

Тој дополнил дека повеќе од 20 отсто од лицата вмешани во трговија со луѓе во ЕУ, се исто така поврзани и со шверц на дрога.