Алекс Душебаев си оди од Вардар?!

Полскиот медиум „Спортски преглед“ утринава објави трансфер бомба во која е поврзан еден од најдобрите играчи на Вардар, Алекс Душебаев. Според медиумот, Киелце, каде тренер е Талант Душебаев а воедно и актуелен селектор на полската репрезентациј, а веќе го договорила неговиот син младиот Алекс Душебаев за сезоната 2017/2018, пренесува порталот gol.mk.

-Алекс е одличен играч. Би сакал да го видам во Киелце. Сепак ние набљудуваме неколку млади играчи во моментов, а и тој има понуди од неколку силни екипи. Ќе видиме што ќе избере. Договор во овој момент нема. Од друга страна не сакам да мислам на тоа сега. Сконцентриран сум на работата со полската репрезентација и Олимпијадата во Рио ми е најважна цел, изјави Талант.

24-годишниот ракометар на Вардар веќе три години го носи црно-црвениот дрес, а од 2014 година е и репрезентативец на Шпанија, настапувајќи на 36 натпревари.