Бедредин Ибраими: Се потврдува Избирачкиот список од 2013 година

Бедредин Ибраими: Се потврдува Избирачкиот список од 2013 година
Бедредин Ибраими: Се потврдува Избирачкиот список од 2013 година

Со сите овие активности се потврдува Избирачкиот список од 2013-та година, Избирачкиот список кој беше усогласен согласно одредбите од Изборниот законик, каде што упорно работеше работната група формирана од ДИК, рече денеска на јавната седница членот на ДИК Бедредин Ибраими.

Тој Избирачки список во меѓувреме, 2013-та- 2016-та година е надграден, дополнет и ажуриран со лица кои за првпат стекнуваат право на глас, односно стануват полнолетни, граѓани кои се починати се бришат од избирачкиот список. Очигледно не беше лесна работа, ние самите се уверивме во нашата активност и работа која ја извршивме овие 3,5 месеци, но и јавноста. Морам да кажам дека ДИК пристапи многу стручно и одговорно во вршење на оваа активност се со цел пред се кај граѓаните да се врати довербата во избирачкиот список за кој е надлежна ДИК, рече Ибраими.

Тој нагласи дека согласно методологијата која беше усвоена ги направиле потребните вкрстени проверки со 10 бази на податоци, односно 9 затоа што од управата за водење книги немале податоци, односно имале само од 2015 година наваму.

Од се ова што презентиравте излегоа резултатите и ова се тие. Само треба да знаеме дека функционирањето на системот и државните органи се базира на неколку начина, а пред се е довербата на граѓаните кон органите на кои им е доверена одредена јавна функција во интерес на граѓаните, а пота отчетноста на органите на кои им исе доверени тие работи и одговорноста на органите за вршењето на јавните функции. Уште во почетокот имав свој став во однос на сите овие активности и кој ќе биде крајниот резултат. Добро е што се направи вкрстена проверка. Честопати го употребував терминот. Сите полнолетни граѓани кои се во избирачкиот список влегоа во едно снимање во однос на прашањата кои ние ги утврдивме со методологијата и упатството за водење на цела оваа активност. Ова снимање беше беспоштедно. Не поштеди ниту еден граѓанин без разлика кој статус го има во државата. И јавни личности, уметници, спортисти, селектори… Имам една друга забелешка во однос на тоа дека добро тргнавме и ги почитувавме сите одредби од избирачкиот список. Објавата со сите податоци кои се утврдени во изборниот законик и ги објавивме и спорните записи кои требаше да бидат предмет на теренска проверка, рече Ибраими.

Тој потенцираше дека со сите овие активности, се потврдува избирачкиот список од 2013 година.

Избирачкиот список беше усогласен согласно одредбите од Изборниот законик, согласно одредбите каде што упорно работеше работната група формирана од ДИК, каде учествуваа претставници од органите кои се вклучени во водењето на избирачкиот список, како и претставници од четирите политички партии, со надгледување на амбасадата на САД, ЕУ и ОБСЕ, како и невладината организација МОСТ. Ние не измисливме топла вода, го применивме законот. Во избирачки список да се запишат сите полнолетни државјани во Република Македонија кои имаат живеалиште, деловна способност и поседуваат една од важечките лични документи. Тој избирачки список во меѓувреме е надграден, дополнет и ажуриран со лица кои за првпат стекнуваат право на глас, граѓани кои се починати и се бришат од избирачкиот список, како и граѓани кои ја губат деловната способност или, пак, им се враќа назад и тие се враќаат во избирачкиот список, рече Ибраими.

Да не биде ова како лично да се фалиме, но навистина ни беше тешко, но мислам дека беше завршена оваа навистина одговорна работа која ни беше дадена и со законот, но и очекувањата на граѓаните на оваа држава, заклучи Ибраими.