Убиен џихадистот кој на видео снимка од 2013 година јадеше срце на загинат војник

Центарот, со седиште во Лондон, наведува дека Калед Ал-Хамад, познат како Абу Сакар, е убиен вчера од огнено оружје во провинцијата Идлиб.

– Абу Сакар минатата година се приклучи кон Ал Каеда со влегувањето во групата Фронтот Ал-Нусра, додава Сирискиот центар.

Според шефот на Сирискиот центар, Рами Абдел Рахман, Абу Сакар веројатно е убиен во пресметка меѓу Фронтот Ал-Нусра, кој контролира голем дел од провинцијата Идлиб, и други исламистички бунтовници во оваа област.