понеделник, 24 јули 2017  |  Вести денес: 34

Од потстанар во Скопје украдени 15.700 евра

На 36-годишниот тетовец В.Д., кој живее како потстанар во Скопје украдени му се 15.700 евра.

132739983

Поврзани вести

Кражбата, како што соопшти полицијата се случила во периодот од 3-ти до 5-ти овој месец на ул. „Коста Новаковиќ“ во Скопје, каде што живеел како потстанар. Во полицијата пријавил дека од јакна која му била во плакар, од страна на непознат сторител му биле одземени околу 15.700 евра.

Полицијата презема мерки за пронаоѓање на сторителот и за целосно расчистување на настанот.

Најчитани вести