петок, 23 декември 2016  |  Вести денес: 0

Потпишан договорот со „Минстрој“: 1.000 рудари ќе се вратат на работа

minstroj2-640x446

Последни вести

Бугарската компанија од областа на рударството, „Минстрој“ е нов концесионер на рудниците за олово и цинк „Тораница“ и „Злетово“.

Со денешното пропишување на договорот, компанијата и официјално ќе менаџера со двата рудника и ќе задржи околу 1.000 работници кои веќе работеа во рудниците.

Сопственикот на Минстрој, Николај Валканов, истакна дека имаат долгорочни планови и се можни нови вработувања.

-Во месец мај ќе започне со работа и ќе ја имаме првата руда. Има претстава што треба да се направи, каква техника и каква опрема треба да се купи и повторувам дека ќе направам 10 милиони евра инвестиција во двата рудника, рече Валканов.

Премиерот задолжен за спроведување на изборите, подвлече дека со ова и официјално се прави чекор кон конечно  рестартирање на овие два исклучително значајни рудници во Македонија.

minstroj1

-Денешниот чин е многу важен за нас како влада, но уште поважен за жителите од Крива Паланка, Пробиштип, и околните населени места. За нас како Влада овој чин е од голема важност затоа што кончено решаваме еден голем проблем кој го имавме со претходниот концесионер и неговата работа која ги однесе во стечај двата рудника. За граѓаните е важно тоа што новиот инвеститор веќе најави дека ќе ги врати на работа сите вработени во двата рудника, подвлече Димитриев.

Димитриев му се заблагодари и на претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, кој беше присутен на чинот на потпишување, за силната поддршка која ја имале во реализацијата.

Најчитани вести