вторник, 17 јануари 2017  |  Вести денес: 0

ДКСК: Груевски уредно го доставил анкетниот лист за имотната состојба

Државната комисија за спречување на корупцијата како што и претходно информираше, повторно потенцира дека со внесување на податоците од доставен анкетен лист за престанок на функцијата во електронската база, системот автоматски ги отстранува податоците објавени на веб страницата на ДКСК, наведуваат од Комисијата.

ДКСК: Груевски уредно го доставил анкетниот лист за имотната состојба

ДКСК: Груевски уредно го доставил анкетниот лист за имотната состојба

Последни вести

Државната комисија за спречување на корупција денеска информира дека поранешниот претседател на Владата на РМ Никола Груевски по престанокот на функцијата уредно го доставил анкетниот лист за неговата имотна состојба во законски утврдениот рок.

Комисијата со тоа ги демантира тврдењата изнесени во вест објавена во дневникот на една телевизија, под наслов “Од страницата на Антикорупциска го снема анкетниот лист на Груевски“.

– Тврдењата изнесени во наведениот медиум се неточни и станува збор за елементарно непознавање на работата и постапувањето на Државната комисија за спречување на корупцијата. Имено, Државната комисија за спречување на корупцијата како што и претходно информираше, повторно потенцира дека со внесување на податоците од доставен анкетен лист за престанок на функцијата во електронската база, системот автоматски ги отстранува податоците објавени на веб страницата на ДКСК, наведуваат од Комисијата.

При тоа се посочува дека согласно член 33 став 1 од Законот за спречување на корупцијата: “избран или именуван функционер, одговорно лице во јавно претпријатие, јавна установа или друго правно лице кое располага со државен капитал, при изборот или именувањето, а најдоцна во рок од 30 дена од денот на изборот или именувањето пополнува анкетен лист со детален попис на недвижен имот, подвижни предмети од поголема вредност, хартии од вредност и побарувања и долгови, како и друг имот што е во негова сопственост или сопственост на членовите на неговото семејство, со наведување на основот на стекнување на пријавениот имот и депонира заверена изјава од нотар за откажување од заштита на банкарска тајна во однос на сите сметки во домашни и странски банки”. Согласно став 2 од истиот член, се наведува, Лицата од ставот 1 имаат обврска да пополнат анкетен лист во рок од 30 дена по престанувањето на функцијата.

– Согласно на горенаведеното, лицето Никола Груевски, поранешен претседател на Владата на Република Македонија има уредно доставено анкетен лист за престанок на функцијата во законски утврдениот рок, наведуваат од ДКСК.

Воедно, од Комисијата нагласуваат дека во изминатиот период, континуирано ги ажурирале податоците од доставените анкетни листови и известувањата за промени во имотната состојба на избраните и именувани лица и тие се објавуваат на нејзината веб страница.

Од ДКСК упатуваат апел до медиумите и укажуваат за проверка на релевантноста и точноста на информациите пред нивно објавување и консултација со институцијата чие име се користи.

Најчитани вести