петок, 9 декември 2016  |  Вести денес: 36

Три американски компании го тужат „Фолксваген“

- Прв пат од почетокот на скандалот со изманипулираните резултати за емисија на штетни гасови на автомобилите на „Фолксваген“, американски компании поднесоа тужба против германскиот производител на автомобили, јави ДПА.

132820800

Поврзани вести

Три компании, кои ги продаваат автомобилите на „Фолксваген“ во САД, поднесоа тужба во Окружниот суд во Чикаго.

Тие тврдат дека автомобилскиот концер ги измамил, инсталирајќи направа во автомобилите со дизел мотори, која ги манипулира податоците за издувните гасови.

Компаниите тврдат дека овие активности на „Фолксваген“ довеле до „погубен удар на нивната заработувачка“ и пад на вредноста на нивните франшизи. Тие додаваат дека имаат складирано голем број дизел автомобили, кои не можат да ги продадат.

Најчитани вести