Чарли Шин осомничен за убиство

Чарли Шин осомничен за убиство
Чарли Шин осомничен за убиство
Полицијата во Лос Анџелес започна кривична истрага против актерот Чарли Шин, јавија американските медиуми.

Портпаролот на полицијата соопшти дека во рамки на истрагата е издадена и наредба за претрес на домот на Шин, но не прецизираше која е причината за тоа.

Некои америкнаски медиуми јавија дека истрагата е поради тврдењата дека Шин се заканувал оти ќе ја убие поранешната свршеница Скотин Рос.

Списанието „Вараети“ објави дека, наводно, постои аудио запис на кој се слуша Шин како се заканува дека ќе најми убиец за да ја ликвидира Рос.

Во записот Шин признава дека ја лажел својата партнерка за својата серопозитивност.

Ѕвездата од серијата „Два и пол мажи“, минатиот ноември призна јавно дека е носител на вирусот ХИВ.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.