четврток, 27 јули 2017  |  Вести денес: 49

Јелена ја убил манијак од Фејсбук?!

Криминологот Златко Николиќ тврди дека се работи за злосторство до страст, што потврдуваат и резултатите од обдукцијата.

јелена

Поврзани вести

Социјалните мрежи што ги користела сурово убиената пејачка на Гранд, Јелена Марјановиќ (33) во Борча, од вчера се под будното око на инспекторите за високотехнолошки криминал.

Постојат сомнежи дека на несреќната жена  ѝ прсудил манијак од Фејсбук, кој повеќепати ѝ се заканувал и чекал вистински момнт за да ја убие. Според резултатите на обдукцијата убиецот ја усмртил пејачката со околу 30 удари во главата, најверојатно со дрвена палка. Вештаците веруваат дека веќе по петтиот удар била мртва…

Вчера била сослушана и пејачката Нада Топчагиќ, блиска пријателка на убиената, бидејќи постојат индиции дека нејзините сознанија не можат да помогнат во истрагата. Таа знаела за заканите, но ниту таа ниту Јелена не ги сфатиле сериозно. Според Нада, двете дури и им се смееле на пораките, зашто мислеле дека некој се шегува или само дека е некој кој ѝ е љубоморен на Јелена за успесите во кариерата.

Профил на убиецот: Нарцис кој убива од омраза

Криминологот Златко Николиќ тврди дека се работи за злосторство до страст, што потврдуваат и резултатите од обдукцијата.

– Според она што го видов, нема место за паника, ова е убиство од страст со огромно количество омраза, зашто вака убиваат главно оние на кои им е криво огледалото, односно оние на кои им е невозвратено нешто за што сметаат дека имаат право и дека им припаѓа, објаснува криминологот Златко Николиќ.

Тој додава дека луѓето како несреќната пејачка се предодредени да бидат жртви, зашто се експонирани на социјалните мрежи и нагласува дека убиството на Јелена било планирано и одработено со голема омраза.

Според профилот што го изработи криминологот, убиецот ги има овие карактеристики:

– нарцисоиден

– на возраст од 25 до 45 години

– го следел движењето на Јелена

– ѝ ги знаел навиките

– најверојатно лично се познавале

– веројатно немал помагач

Најчитани вести