вторник, 25 јули 2017  |  Вести денес: 1

Вкусен десерт: Ролат кој е готов за 20 минути!

crno-bijeli-rolat-db600f03377bf9dd8317f2ccfc580ebc_header

Последни вести

Овој превкусен ролат кој е готов за само 20 минути мора да го направите!

За негова подготовка ви се потребни следните состојки:

– 250 гр путер

– 130 гр шеќер во прав

– 1 ванилин шеќер

– 1 јајце

– 500 гр брашно

– 1 прашок за пециво

– 2 лажици какао во прав

Начин на подготовка:

Изматете го омекнатиот путер со шеќер во прав и ванилин шеќер. Изматете го јајцето. Постепено се додава брашното со прашокот за пециво, ќе добиете убаво, средено меко тесто кое може да го обликувате.

Поделете го тестото на 2 дела. Во еден дел додадете 2 лажиќки какао во прав и промешајте. Двете теста се тркалаат во правоаголник. Темното тесто ставете го на светлото и тркалајте во форма на ролат.

Во сад со хартија за печење, се пече на 160 ° С, 20 минути.

Најчитани вести