Тепачка меѓу навивачи на Шкендија и Силекс – повредени четворица полицајци

Навивачи на ФК Шкендија и ФК Силекс се степале вчера додека траел натпреварот меѓу фудбалските екипи на стадионот „Чаир“.

При интервенција повредени се четворица полицајци, кои по укажаната лекарска помош во Градската општа болница биле пуштени на домашно лекување,.

Во 20.30 часот во СВР Тетово било пријавено оштетување на четири автобуси со кои се превезувале навивачите „Балисти“ до Тетово. Оштетувањето било направено во Скопје од страна на навивачката група „Шверцери“ кои фрлале со тврди предмети кон автобусите. Исто така, оштетено било и патничко моторно возило „Форд Фокус“ со тетовски регистарски ознаки, сопственост на „Секуритас М“-Тетово, управувано од Л.С.(18). Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.