Од 9-ти април почнува театарскиот фестивал „Лица без маски“

Од 9-ти април почнува театарскиот фестивал „Лица без маски“
Од 9-ти април почнува театарскиот фестивал „Лица без маски“
Под мотото „ОСТАНИ СТАБИЛЕН“, од 9 до 12 април, по деветти пат ќе се одржи Интернационалниот театарски фестивал „ЛИЦА БЕЗ МАСКИ“, посветен на професионалната независна театарска продукција, која негува алтернативен и експериментален театар, во организација на независниот ТЕАТАР 007 и Конгресен центар „Александар Македонски“-Скопје (Универзална сала-Скопје).

Свеченото отворање ќе се случи на 9 април, со претставата „Собуј ги чевлите“, на „Лудум, Лудум“ театарот од Белград, Србија.

IMG_9848

-И оваа година се обидовме да создадеме програма која ќе кореспондира со мотото на фестивалот „ОСТАНИ СТАБИЛЕН“. Претставите кои се во натпреварувачката програма, третираат навидум провокативни теми и содржини, притоа истакнувајќи на површина многу суштински прашања кои се важни за денешното живеење во „заболените“ општества на глобално ниво, истакна Миодраг Костиќ, Директор на фестивалот „Лица без маски“.

IMG_9852

Во официјалната натпреварувачка програма се седум претстави меѓу кои и „Галаксија“, на театарот „Креирај.Играј.Создавај“ од Романија која ќе биде изведена на 10 април, во 22 часот. Следниот ден на 11 април, на сцената на МОБ, со почеток од 20 часот е претставата, „19 мај“, на театарот „Онеироу“ од Грција, а во 22 часот истиот ден на истата сцена е и македонската „Госпоѓица Јулија“ на независниот театар „Фабрика“. Последната фестивалска вечер ќе се случи на сцената на Театар Комедија и тоа со руската претстава „Рефлексии“, на „32. Физички театар“ со почеток од 20 част, и како последна од 22 часот еконтроверзната „Ромео и Јулио“, на италијанскиот театар „Болоњикоста“ од Рим.

TEATAR FABRIKA (10)

-Сите претстави од програмата нудат свежина и инвентивност не само како естетиката, туку и на содржинско ниво актуелизираат важни прашања, за денешницата, потенцираше Игор Ивковиќ, селектор на фестивалот.

Како и во претходните години, така и оваа, на во Конгресен центар „Александар Македонски“ (Универзална сала-Скопје), секој ден од 9 до 12 април, со почеток од 11 часот, ќе се одржуваат работилници, предводени од гостинските театри на кои низ пракса ќе се разменуваат искуства. Работилниците ќе бидат отворени и за пошироката публика, со претходна најава кај организацијата на фестивалот.

Romanija (3)

Идејното решение на визуелниот идентитет на фествиалот „Лица без маски“ е дизајнерката Наташа Шопова.

За наградите: Гранд при, Награда за најдобра режија и Награда за најдобро актерско остварување, ќе одлучува тричлено жири во состав: Синиша Ефтимов, режисер,  Магдалена Ризова Черних, актерка и Ирена Илиевска, актерка.

Фестивалот е поддржан од Министерството за култура и Град Скопје.

Romanija (1)