Дали е ова убиецот на Јелена Крсмановиќ?

-Околу пладне во дворот упаднаа многу полицајци. Веднаш прашаа за Игор и рекоа дека мора да појде со нив. На никој ништо не му објаснуваа. Превртеа се што можеа, куќата, таванот, шупата. Бараа, ни сам не знам што, а потоа заедно со сонливиот Игор, отидоа. Помладиот Виор, исчезна и незнаеме каде е – изјавил Франц Ројко од Црвенка, таткото на Игор и Небојша.

fra

Игор е одведен на информативен разговор, но интензивно се трага по Игоровиот помлад брат Небојша, кој е бегство.

Како што неофицијално се дознава, истражните органи во куќата на Ројко барале оружје со кое е направено злосторството, но и уште некои траги. Инаку, браќата Ројко одамна се познати на полицијата, поради разни кривични дела, пред се кражби и разбојништва, поради што биле и во затвор.