Намалете ја видливоста на стриите по природен пат

Борбата со стриите е навистина тешка и долга…Но, вие можете да ја намалите нивната видливост и тоа на природен начин.

Кои намирници треба да ги јадете за стриите да бидат помалку видливи?

1. Мешунки – протеините кои се наоѓаат во гравот, грашокот и леќата го поттикнуваат производството на колаген во телото.

2. Чај – течностите го хидрираат телото заради што кожата изгледа позатегната, а антиоксидансите ги зачувуваат клетките здрави и неоштетени.

3. Храна богата со цинк – цинкот е неопходен за производство на колаген и го сочувува ткивото здраво. Цинкот исто така е клучна состојка за заздравување на кожата, затоа почесто консумирајте месо, риба, бразилски ореви, кикирики, тофу, јаткасти плодови и овес.

4. Вода – за кожата да може да остане еластична, телото мора да биде хидрирано.

5. Рибино масло – витаминот Д игра клучна улога во спречувањето епидермисот да се растегне, односно да се направат стрии на растегнатата кожа. Рибиното масло е еден од најбогатите извори на витамин Д и најлесно се наоѓа во туната.

6. Портокал – портокалите се богати со вода и помагаат да се пополни просторот помеѓу клетките на кожата заради што се минимизира видливоста на стриите. Плус, витаминот Ц ја прави кожата помазна, а антиоксидансите ги заздравуваат евентуалните рани.

7. Боровинки и гоџи – витамините и останатите хранливи вредности имаат моќно дејство како антиоксиданси кои го штитат телото од слободните радикали кои се делумно одговорни за стриите. Додајте ги овие зрна во појадокот или вечерата за да го задржите здравјето на кожата.

8. Сладок компир – богат со витамин А, слаткиот компир помага телото да создаде нови клетки кожа кои ја намалуваат видливоста на веќе постоечките стрии.

9. Брокула – уште еден плод богат со витамин Ц кој е клучен за производство на колаген.

10. Сардина – богата со омега 3 масни киселини, ги намалува можните воспаленија кои се поврзани со оштетувањето на кожата. Маслото од нив кожата ја прават помека и мазна.

11. Јајца – Без разлика дали ги варите или пржите, јајцата се корисни во борбата против стрии. Тие се одличен извор на протеини, кои се есенцијални за младоликата кожа.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.