Могерини: Спроведување на Договорот од Пржино и кредибилни избори се од суштинско значење

 Политичките партии во Македонија да работат заедно за создавање услови за веродостојни избори што е во интерес на државата и на граѓаните, повика високиот претставник на ЕУ за надворешна политика Федерика Могерини.

– По последните случувања во ПЈР Македонија, особено во однос на подготовките за предвремените парламентарни избори во јуни, разговарав со лидерот на СДСМ Зоран Заев. Во разговорот што следуваше по неколкуте контакти со комесарот Јоханес Хан и Делегацијата на ЕУ во Скопје, се согласивме дека е неопходно сите политички партии да продолжат да работат заедно за обезбедување кредибилни избори во интерес на државата и на граѓаните, се вели во пишаната изјави на Могерини што ја објави синоќа нејзиниот кабинет.

Таа воедно нагласува дека имплементацијата на Договорот од Пржино и приоритетните реформи остануваат од суштинско значење за земјата.

– Во тој контекст спроведувањето на политичките договори вклучувајќи ги и итните реформски приоритети е од клучно значење. Заедно со САД ги поддржавме сите партии и засегнати страни во овие напори и ќе продолжиме да го правиме тоа и во наредните клучни недели. Ги повикуваме сите партии да останат целосно посветени на договорениот процес, вели Федерика Могерини. 

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.