сабота, 22 јули 2017  |  Вести денес: 18

Во „Фукушима 1“ откриен моќен извор на радиоактивно зрачење

Изворот на зрачење е во зоната на подземен базен за радиоактивна вода, чие количество постојано се зголемува.

Во „Фукушима 1“ откриен моќен извор на радиоактивно зрачење

Во „Фукушима 1“ откриен моќен извор на радиоактивно зрачење

Поврзани вести

Во реонот на јапонската нуклеарна централа „Фукушима 1“ е откриен моќен извор на радиоактивно зрачење, кое 100 пати повиско од дозволената норма, соопшти денеска компанијата-оператор со нукеларката „Токио електрик пауер“ (ТЕПКО).

Изворот на зрачење е во зоната на подземен базен за радиоактивна вода, чие количество постојано се зголемува.

Складиштето, изградено пред три години, веќе не се користи поради бројните истекувања од него, истакнува компанијата.

Според податоците на ТЕПКО, радиоактивоста на тоа место пред една седмица изнесувала едвај 87 бекерели, додека сега доситгнало 9.300 бекерели.

Компанијата не може да утврди што го предизвикало овој драстичен скок. Според нејзините податоци, во базенот има мали количества високорадиоактивна вода, но тие се безбедно изолирани.

Најчитани вести