петок, 9 декември 2016  |  Вести денес: 68

Џон Кери во ненајавена посета во Ирак

Американскиот државен секретар Џон Кери денеска допатува во ненајавена посета во Багдад, на разговори со претставниците на ирачките власти посветени на борбата против џихадиситчата група Исламска држава (ИД).

133118938

Последни вести

– Кери ќе се сретене со премиерот Хајдер ал Абади, министерот за надворешни работи Ибрахим ал Џафари и со премиерот на автономниот курдски регион во Ирак, изјави потпаролот на Стејт департментот, Џон Кирби.

Кери при тоа ќе ја изрази силната поддршка на САД за ирачката Влада „во нејзините одговори на значајните безбедносни, економски и политички предизвици“, наведе Кирби.

Тој додаде дека американскиот државен секретар, кој последен пат престојуваше во Ирак во септември 2014 година, ќе разговара за понатамошната поддршка на антиџихадистичката коалиција предводена од САД и за мерките што ги презема Ирак во борбата против ИД.

Кери во Ирак допатува од Доха, каде со министрите за надворешни работи на арапските земји на Персискиот залив разговараше за сосотјбите во Сирија, Ирак и Јемен.

Најчитани вести