понеделник, 24 јули 2017  |  Вести денес: 61

Бо Мекејлеб следната сезона ќе игра во македонски клуб?!

Управата на МЗТ Скопје Аеродром ќе се обиде да го убеди Лестер „Бо“ Мек Кејлеб во следната сезона да заигра во дресот на актуелниот македонски првак, објавува Македонски спорт.

makedonskiot-bog-lester-bo-mekejleb-60540

Поврзани вести

Управата на МЗТ Скопје Аеродром ќе се обиде да го убеди Лестер „Бо“ Мек Кејлеб во следната сезона да заигра во дресот на актуелниот македонски првак, објавува Македонски спорт.

Според информациите кои доаѓаат од добро упатени извори блиски до клубот, натурализираниот македонски бек во текот на наредниот месец треба да дојде во Скопје и, веројатно, тогаш ќе биде финалната рунда од преговорите, кога и ќе се знае резултатот дали Мек Кејлеб наесен ќе заигра за МЗТ.  Американецот со македонски пасош во моментов е во Франција каде што игра за Лимож, но на тимот „не му цветаат розите“ и, најверојатно, сезоната ќе им заврши на 10 мај. На шест кола до крајот на регуларната сезона, Лимож заостанува три победи зад осмопласираниот Нантер, и има само теоретски шанси да се избори за место во плејофот. Ако со обврските кон Лимож, Мек Кејлеб заврши на 10 мај, тој уште утредента би можел да дојде во македонската престолнина, објавува весникот.

Повеќе во печатеното издание на „Македонски спорт“.

Најчитани вести