среда, 24 мај 2017  |  Вести денес: 0

„Дејли Меил“: Лажни пораки предизвикуваат насилство на грчко-македонската граница

„Дејли Меил“: Лажни пораки предизвикуваат насилство на грчко-македонската граница

„Дејли Меил“: Лажни пораки предизвикуваат насилство на грчко-македонската граница

Последни вести

Лажни пораки и ветувања, потикнуваат нервозата и ги предизвикуваат насилства на грчко-македонската граница, која е затворена за мигрантите од Средниот и Блискиот Исток, кои сакаат да дојдат до земјите од Западна Европа, пишува лондонски „Дејли Меил“.

Весникот наведува дека по послените инциденти на границата и интервенциите на македонската и на грчката полиција, биле уапсени 17 лица, меѓу кои и двајца Британци.

Според „Дејли Меил“, покрај Британците, биле упасени и активисти на разни хуманитарни организации од Германија, Австрија, Холандија, Шведска и Грција.

Тие се обвинети за „ширење лажни вести“ меѓу мигрантите за тоа дека македонско-грчката граница е повторно отворена.

Според „Дејли Меил“, по ваквите добиени лажни информации стотина најнасилни меѓу мигрантите, од кои повеќето се на работ од исцрпеност, се обиделе да ја урнат оградата на граничната линија и насила да влезат во Македонија.

Интервенираше македонската полиција, но од другата страна на жичаната ограда реагира и грчките погранични сили, кои подоцна ги уапсија оние кои ширејќи лажни вести, ги предизвика немирите, наведува весникот, додавајќи дека не е јасно зашто дел од хуманитарците шират лажни вести.

На импровизираниот камп кај Идомени се уште има околу 11.000 мигранти. Грчките власти ветуваат дека ќе ги раселат од таму во логорите во Северна Грција и во внатрешноста на земјата, но целата таа операција оди многу бавно.

Лондонскиот весник пишува дека ваквата состојба со беглаците на границата ја дораспалува и онака тензичната атмосфера во билатералните односи меѓу двете земји, создадена од 25-годишниот спор околу името на Македонија.

Скопје обвинува дека Грција не прави ништо за да се спречи насилството, додека Атина тврди дека македонската полиција употребува прекумерна сила, додава „Дејли Меил“.

Најчитани вести