Обидите за украинско сценарио на СДСМ и СОРОС не стивнуваат

Обидите за украинско сценарио на СДСМ и СОРОС не стивнуваат
Обидите за украинско сценарио на СДСМ и СОРОС не стивнуваат
Руинирана „Порта Македонија“ и осквернавено спомен-обележјето на децата бегалци од Егејска Македонија. Насилството на СДСМ и обидите да се предизвика украинско сценарио продолжија и вчера по улиците. 

Откако демонстрантите на СДСМ и СOРОС изминативе денови ја демолираа народната канцеларија на претседателот на Република Македонија на Рекорд и фрлаа јајца кон зградата на Владата, вчера на списокот на насилниците се најде и Порта Македонија. Агресивното и насилно однесување тие и вчера повторно го покажаа. Со разни бои и јајца беше оштетувана Порта Македонија, сето тоа пропратено со извици „Грда ви е портата“.

Хулиганите на СДСМ при вчерашните протести го осквернавија симболот на децата бегалци од Егејска Македонија, кој претставува значајна емоција на илјадници бегалци од Егејска Македонија. Деликвентите на СДСМ и СОРОС во своето дивеење по наредба на опозицискиот лидер Зоран Заев немаат обзир кон ништо.

skvern-3 (1)

Изминативе денови тие ја демолираа Народната канцеларија на претседателот Ѓорге Иванов, палеа, кршеа, уништуваа. Се судрија со полицијата удирајќи ја со камења, тврди предмети и бехатон плочки, најмалку десеттина полицајци беа повредени во дивеењето на соросовите демонстранти контролирани од Заев. Напаѓани беа и медиуми и искрешни нивните редакции, од истите оние кои зборовите слобода и демократија постојано ги повторуваат.

Хаосот предизвикан од СДСМ и СОРОС ја стави Македонија на ударните места во регионалните и светските медиуми. Српски „Курир“ во анализа на случувањата во Македонија, во текст со наслов „ХАОС ПРЕД ВРАТИТЕ: Дали Скопје го чека судбината на Киев, па дури и Дамаск?“ пишува дека  Република Македонија станала жртва на дестабилизација со цел за промена на Владата. Кога претседателот Ѓорге Иванов најави дека ќе ги помилува сите оние кои се вклучени во скандалот со прислушувањето, со елементи на “револуција на боите” во земјата со гнев беше сфатено дека новото СЈО нема да биде во можност да се користи како анти-владино оружје, пишува српски „Курир“.

Внатрешен непријател

-Како одговор на ненадејното влошување на плановите, соросовата мрежа на НВО и опозицијата ја кренаа температура и го иницираа долго планираниот  државен удар во контекст на хибридна војна против Македонија. Опсегот на антивладини “активисти” – вклучувајќи ги и “либерал-демократите” културни марксисти и Еврофили (во суштина едно и исто) – го преплавија Скопје во обид да го претворат во балкански Киев, но уште еднаш, професионалноста на безбедносните служби и патриотизмот на населението одигра голема улога во ублажувањето на ескалација на улични судири и се спречи тие да излезат целосно надвор од контрола, пишува еден од водечките регионални медиуми во анализата.

Во текстот се нагласува дека заканата и понатаму останува и намерата за соборување на Владата на Република Македонија е сега отворена и целосно неспорна за сите објективни набљудувачи.

-Повторното излегување на улиците придонесува за ширење на страв во остатокот од земјата и ги охрабрува бранувањата меѓу многу радикални елементи на општеството. Немирите, исто така, можат да бидат знак на вахабистите и иредентистички Албанци, кои беа под контрола на Тирана да се подготват за лансирање на следната фаза од хибридната војна. Тоа може да се случи со напад во стилот на оној во Куманово, кој за возврат ќе ги активира главните  западни медиуми да се манипулира со приказната на македонската криза како “судирот на цивилизациите” помеѓу муслиманските Албанци и православните Македонци, што во секој случај може да ги комплицира политичките превирања, стои во анализата.

srpski-kurir-n

Народот со мирни и достоинствени протести во одбрана на државата

Наспроти насилните протести на опозицијата, од друга страна мирни, масовни и достоинствени протести. Народот не сака да ја даде државата во туѓи раце. Со музика, оро, транспаренти и вчера масовен народен собир пред СДСМ против одлуката за  аболиција за Заев и Верушевски.

Илјадници излегоа да дадат поддршка за одржување на избори на 5 јуни со порака народот ќе пресуди. Со протестен марш граѓаните со патриотски песни од мала станица се упатија кон Бихаќка. Заедно со граѓанското движење ГДОМ изразија револт против обидот на СДСМ да ги одложи закажаните избори.

– Имаме едно проклетство, таман ќе тргнеме напред десет чекори, се враќаме назад. Оставете народот да одлучи. Не сте само вие народ. тука сме и ние, ова е и наша земја. Не постои поубав народ од мојот народ.

На народниот собир се обрати актерската легенда Петар Темелковски кој го цитираше македонскиот војвода Јане Сандански. Темелковски со светото писмо во рака ги повика граѓаните да излезат на избори каде со својот глас ќе им пресудат на како што рече предавниците во оваа држава.

На собирот од ГДОМ испратија порака до граѓаните следното видување ќе биде на 5 јуни каде сите ги повикаа на избори да стават крај на 2годишната политичка криза.

– Покажуваме пример, не само во Македонија, туку и во светот како во ваква зовриена политичка состојба народот знае да се собере и преку позитивен начин да даде поддршка на сите процеси кои се случуваат. Да дадеме порака, сакаме демократски и мирно да се реши оваа политичка криза.

И на вчерашниот собир присуствуваа повеќе од  15.000 граѓани од цела Македонија кои мирно  изразија револт што опозицијата го бојкотира демократскиот процес. Побараа на избори да покажат на чија страна  е како што велат народот во Македонија.

 

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.