петок, 23 декември 2016  |  Вести денес: 0

„СТС Текстаил“ ќе отвори 1000 нови вработувања во Демир Хисар

Владиниот тим е во во финални преговори, со многу компании, меѓутоа ова го става под знак прашање сето тоа и затоа важни се изборите, да помине 5 јуни, да продолжи нашата борба за посреќна и побогата Македонија.

„СТС Текстаил“ ќе отвори 1000 нови вработувања во Демир Хисар

„СТС Текстаил“ ќе отвори 1000 нови вработувања во Демир Хисар

Последни вести

Навистина правиме се, економскиот тим на Владата каде што ВМРО-ДПМНЕ има најголем дел од министрите, прави максимум да ги задржи инвеститорите со кои што до сега преговаравме, еве последно што објавивме е со позната германска компанија која што се вика „СТС Текстаил“ за Демир Хисар да отворат фабрика, луѓето кажаа дека за почеток ќе отворат 150 луѓе, а дека ќе дојдат до бројка од 1000 луѓе, истакна претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски во гостувањето во Дневникот на Канал 5.

-1000 луѓе за Демир Хисар е сериозна бројка на вработувања. Со нив сме во една подлабока фаза, очекувам некаде за две до три недели да се потпише договорот и некаде во текот на летото да почне производство, да почнат првите вработувања на невработени лица во Демир Хисар и демирхисарскиот регион.

Со многу луѓе, додаде Груевски, владиниот тим е во во финални преговори, со многу компании, меѓутоа ова го става под знак прашање сето тоа и затоа важни се изборите, да помине 5 јуни, да продолжи нашата борба за посреќна и побогата Македонија.

-Посилна држава, со поголем број на работни места кои се нудат и со повисоки плати, да продолжи да функционира Парламентот затоа што без Парламент како што е сега не може ни пензии да се зголемат, не може закони да се носат, не може ни позитивни прописи да се донесат во Македонија кои дополнително ќе и помогнат на различни категории на граѓани, вели Груевски.

Најчитани вести