Подгответе капучино колач

За денеска ви предлагаме да подготвите вкусен капучино колач.

 

Потребно:

150 грама Шеќер во прав

30 Пишкоти

650 милилитри Млеко

150 грама Маргарин

2 лажици Крем

1 кесички Капучино

2 Ванила пудинга

100 милилитри овошен Јогурт

Подготовка:

Сварете го пудингот со млеко и оставете го да се олади. Маргаринот пенесто изматете го со шеќер во прав и соединете со оладениот пудинг.

Додадете го овошниот јогурт, овошје (ако сакате), еурокрем и половина кесичка капучино.

Сето тоа добро изматете го, за филот убаво да се соедини.

Помешајте 100 мл. млеко со преостанатото капучино и промешајте, па во тоа изматете ги пишкотите и редете ги на сад за пуслужување, па преку нив фил и повторно пишкоти.

На крајот, одозгора ставете шлаг.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.