„Журнал“: Која е „Беса“- новиот политички партнер на Заев е промотор на радикалниот ислам во Македонија

Во изминативе неколку години сведоци сме на обидите на радикалниот ислам да заземе се поголемо влијание во светски рамки. Ваквите тенденции се финансиски и логистички потпомогнати од земји како:  Катар, Кувајт и Саудиска Арабија, Турција, каде владеачката ”Партија на правдата”  на сегашниот Претседател Реџеп  Таип Ердоган има стратегија за враќање на влијанието на Турција врз земјите кои некогаш биле дел од Отоманската Империја и сфера на влијание, со помош на т.н. политички ислам. За ваквата цел во Македонија со парите од арпскиот свет се отворени две ТВ куќи ТВ Ера и ТВ Шења. Како и по една ТВ куќа во Тетово и Кичево. Големи финансиски средства имаат и преку граганските и хуманитарни организации ”МАТУСЕТЕБ” во Макеоднија и организациите ”ИЛКСАВ И ”ЕНСАР” од Турција преку ограноците во Македонија и ”ИХХ”, пишува Журнал.

За реализација на нивните планови и цели во Македонија,за ширење на радикалниот ислам  формираат голем број на невладини организации преку кои трансферираат милиони долари, за ширење на идеите на радикалниот ислам. Ваквите активности се дебело платени особено од Турција, потврда за ваквите тврдења епред неколку години  обелоденетата финансиска афера, во која учествуваа лица блиски до Реџеп Таип Ердоган, кои преку здружението “USKUP” префрлиле 1,5 милиони евра на сметка на Мегународниот Балкански Универзитет, каде се згрижени дел од кадрите на ”Беса”.

Финансиската поврзаност станува повеќе од јасна кога ќе се погледне раководната структура на ”Беса”, позади која стои Аднан Исмаили, човек кој има завршено средно теолошко училиште во Приштина, а се образувал и во Џеда, Саудиска  Арабија и Сараево, истиот бил и подржувач на познатото движење со терористичка матрица ” Муслимански браќа” од Египет. Што говори само по себе  кој е овој човек и какви тези, ставови и политики може да застапува.

Исмаили за непречено ширење на својата радикално исламска идеологија во Македонија има формирано повеќе граѓански и книгоиздавачки организации, како што се : книгоиздавачката куќа “LOGOS-A”,печатницата “FOCUS”,  граѓанската организација MERHAMED и VIZIONI-M, како и Мегународниот Балкански Унуверзитет, каде се вдомени дел од челниците на Беса.

-Раководната структура на ”Беса”  е целосно составена од луге подржувачи на  радикалниот ислам и скоро сите од нив имаат завршено исламско училиште средно или високо. Почнувајки од претседателот на ”Беса” Биљал Касами од Тетово, кој завршил средно верско училиште, кој моментално е редовен професор на Мегународниот балкански универзитет во Скопје. Реџепи Скендер-Зејд, има блиски релации со ”селефистичкото движење” и истиот можеше да се види на протестите непосредно после акцијата ”Монструм” и на протестите против Израел, во Скопје.  Дел од ”Беса” е и Африм Гаши сопственик и главен уредник на списанието ”Шења” , истиот на повеќе албански политичари им се заканува дека поседува дел од ”бомбите на Заев”, учествуваше во рушење на споменикот на Цар Душан во Скопје, а негов  зет за сестра е  радикалниот исламист  Алили Сејдула, кој загина во Сирија. Дел од ”Беса” е и  Азизи Аднан од Тетово кој  моментално е оџа во с.Леарце, Тетово, кој  своевремено бил избркан од факултет во Сирија и Јордан поради неговите блиски релации со ”Хезболах”, пишува Журнал.

Целокупната раководна структура на Беса имаат и блиски врски и релации со политичари во Албанија и во Косово. Исламските радикали од ”Беса” , за ширење на радикалниот ислам во Македонија  најдоа свој сојузник во Зоран Заев и СДСМ, кои деновиве  со своите хулигански и насилнички групи дивеат низ центарот Скопје , фрлајки со боја и јајца по Порта Македонија и кршејки се што ке им дојде под рака.

Ставовите на СДСМ и на Беса веќе подолг период се совпагаат.  Целите на Беса кои може да се извлечат после направените анализи се: Промена  на Уставот на Р.Македонија и формирање  бинационална држава со официјализирање на албанскиот јазик на државно ниво. За ова Зоран Заев на Косовска телевизија се има веќе јавно изјаснето дека доколку би дошол на власт ќе го официјализира албанскиот јазик на целата територија на државата, со што би го вовел уште во основните училишта. За ваквото зближување на Беса со СДСМ се користат блиските врски и контакти на ”експертите” Мерсел Биљали и Ким Мехмети со Зоран Заев и Стево Пендаровски.