Македонија

226 одобренија за градење издадени во февруари

226 одобренија за градење издадени во февруари

Државниот завод за статистика денеска објави дека 226 одобренија за градење се издадени во февруари годинава, што е за 6,6 проценти повеќе во однос на истиот месец од претходната година.

Според издадените одобренија за градење, предвидената вредност на објектите изнесува 1.788.919.000 денари што е за 49,2 проценти помалку во однос на  февруари лани.

Од вкупниот број издадени одобренија за градење, 149 (65,9 проценти) се наменети за објекти од високоградба, 36 (15,9  проценти) од нискоградба и 41 (18,2 проценти) за објекти за реконструкција. Од вкупно 226 објекти, кај 143 (63,3 проценти) како инвеститори се јавуваат физички лица, а на 83 објекти (36,7 проценти) деловни субјекти.

Во извештајниот период е предвидена изградба на 353 станови со вкупна корисна површина од 28 626 метри квадратни.