вторник, 23 мај 2017  |  Вести денес: 0

СДСМ ги порачува и диктира пресовите на Катица Јанева

Се повеќе станува јасно дека најголемата опозициска партија, СДСМ ги порачува и диктира пресовите на специјалната јавна обвинителка Катица Јанева. Во изминатиот период јавноста беше сведок дека лидерот на СДСМ во неколку наврати најави дека Јанева ќе испорача нешто, а таа веќе следниот ден се појавуваше на прес-конференција на која што најави нови истражни постапки.

katicajaneva-sjo500

Поврзани вести

Се повеќе станува јасно дека најголемата опозициска партија, СДСМ, ги порачува и диктира пресовите на специјалната јавна обвинителка Катица Јанева. Во изминатиот период јавноста беше сведок дека лидерот на СДСМ во неколку наврати најави дека Јанева ќе испорача нешто, а таа веќе следниот ден се појавуваше на прес-конференција на која што најави нови истражни постапки.

На последната прес конференција што се одржа во четвртокот, Специјалното јавно обивнителство најави дека отвара нова истрага за случајот „Космос“.

Кординаторот на советничката група на СДСМ во Општина Гази Баба Дарио Николовски по прес-конференцијата на СЈО јавно го повика градоначалникот на Општина Гази Баба Тони Трајковски, после неколку отсуства наназад на седниците во текот на вчерашниот ден да се појави поради новонастанатата ситуација поврзана со пресот на СЈО за случајот „Космос“.

Исто така, како што може да се види од приложената фотографија, само неколку минути пред да биде соопштено дека ќе биде покрената истрага, Николовски на социјалните мрежи објави статус со кој што ја најави прес-конференцијата на Јанева и притоа го повика градоначалникот Трајковски да ја слушне истата затоа што се работи за „Космос“.

Nikolovski-Trajkovski-Kosmos

Градоначалниче Тони, мислам ти си на ред, слушнете добро за „Космос“ се работи, напиша Николовски на неговиот Фејсбук профил.

Советникот на СДСМ од Гази Баба на 15 минути пред воопшто да се појави Катица Јанева на прес комференцијата во четвртокот, точно знаеше кој случај го работело СЈО и како било името на нивниот предмет.

Не можејќи да се воздржи, а да не се пофали и да му се закани на градоначалникот, советникот Николовски го објави тоа на сопствениот профил. Намерата во случајов е очигледно само една, да се заплаши градоначалникот дека Катица Јанева ќе ги оцрнува сите оние кои им пречат на поединци од сдсм.

СЈО не излезе со информација во јавноста дека им бил пробиен случајот така што очигледно е дека советникот успеал да се избори неговиот таргет да добие приоритет кај Јанева. Ова не е прв сомнителен случај во кој пто СДСМ и медиумите финансирани од Сорос и СДСМ ги добиваат информациите што ќе сработи СЈО од партијата.

Ова е уште еден доказ за тесната поврзаност помеѓу СЈО и СДСМ. Односно, ако не постои никаква поврзаност помеѓу СЈО и СДСМ, како тогаш, координаторот на советничката група на СДСМ, Николовски можел предвреме да знае за што точно ќе биде покрената истрага?

Ова оди во прилог на тврдењата дека СЈО дејствува како продолжена рака на СДСМ. Во изминатиот период јавноста беше сведок на тоа како Заев практично најавуваше дека специјалната јавна обвинителка ќе испорача случај, а Јанева одржуваше прес конференции веќе следниот ден.

Ако СЈО навистина е независно, како што тврди, како тогаш СДСМ однапред знае кои истраги ќе бидат покренати?

Најчитани вести