недела, 28 мај 2017  |  Вести денес: 30

„Курир“: Лустрираниот Фрчкоски не дозволи избор на нов декан на Правниот факултет

Во блиска координација со актуелниот декан, тој издејствува да бидат избркани 8-те студенти кои се претставници на студентите на Правен факултет и се членови на наставно научниот совет, карактеризирајќи ги како нелегитимни, а со цел да си стави свои партиски членови и блиски луѓе преку таканаречениот Пленум.

фрчковски

Лустрираниот Фрчкоски не дозволи избор на нов декан на Правниот факултет

Поврзани вести

Во петокот на Правниот факултет Јустинијан при УКИМ се бираше декан, но поради политичките игри и калкулации на лустрираниот професор Љубомир Фрчкоски, изборот на нов декан на Правниот факултет по вторпат пропадна. Целта единствена, да се заштити самиот себеси и што подолго да има влијание на факултетот преку неговиот пријател и патрон, актуелниот декан Борче Давитковски.

Преку своите препознатливи игри, лустрираниот Фрчкоски успеа уште еднаш да го уништи бирањето на нов декан. Во блиска координација со актуелниот декан, тој издејствува да бидат избркани 8-те студенти кои се претставници на студентите на Правен факултет и се членови на наставно научниот совет, карактеризирајќи ги како нелегитимни, а со цел да си стави свои партиски членови и блиски луѓе преку таканаречениот Пленум.

Во пресрет на седницата на наставно научниот совет каде што требаше да биде изберен новиот декан, лустрираниот Фрчковски ги користел веќе препознатливите негови методи со упатување закани кон студентите дека никогаш нема да го положат предметот кој го предава тој доколку не направат неред и упад на факултетот, користејќи го и својот син, неодамна вработениот во општина Центар, Јон Фрчковски кој лобирал кај студентите исто така за упад на факултетот.

zapis

Единствени кои јавно застанале во одбрана на студентите од страна на професорите биле професорите Родна Живковска, Тања Каракамишева, Александар Климовски, Тина Пржевска.

Во тој момент лустрираниот Фрчковски со непристојни зборови и се обратил на професорка Родна Живковска со навреди и омаловажување да се симне од претседавачката позиција на советот.

Јасна е целта, лустрираниот Фрчковски ги испушта последните крици на живот на факултетот и преку своите методи се обидува да издејствува да не биде избркан од работа поради Решението од Комисијата за лустрација против него. Актуелниот Декан во моментов само му помага и преку одложувањето на изборот за Декан, а претходно и ставовите издејствувани на ННС го брани лустрираниот Фрчковски, а со тоа си го продолжува и мандатот на Декан.

Познавачите на работата на Правниот факултет велат дека идниот декан кој ќе седне во деканската фотеља ќе мора да го спроведе решението за бркање на лустрираниот Фрчковски.

Најчитани вести