Ограбени црква и манастир во скопско

Ограбени црква и манастир во скопско
Ограбени црква и манастир во скопско
Црквата „Лазарово Воскресение“ и манастирот „Преповедение Руса Среда“ биле ограбени во текот на вчерашниот ден.

Непознат сторител извршил тешка кражба во црквата „Лазарово Воскресение“ лоциранана ул.„Пат за Китка“ на тој начин што насилно делувал на еден од прозорите, влегол внатре и од помошната просторија каде се продавале свеќи одзел околу 2.000 денари, а потоа го напуштил лице местото.

Во манастирот „Преполовение Руса Среда“, од страна на непознат сторител извршена е тешка кражба на тој начин што насилно делувал на бравата од влезната врата, влегол внатре, одзел околу 2.600 денари, а потоа го напуштил лице местото.

Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителите.