Македонија

Наградени најуспешните училишни тимови за најдобра бизнис социјална идеја

Наградени најуспешните училишни тимови за најдобра бизнис социјална идеја
Наградени најуспешните училишни тимови за најдобра бизнис социјална идеја
Во Салата на Советот на Град Скопје, денеска, градоначалникот на Град Скопје, Коце Трајановски, свечено им ги врачи наградите на училишните тимови-победници на натпреварот за најдобра социјално-претприемачка идеја. Покрај сертификатите и плакетите, сите членови на победничките училишни тимови (ученици и ментори), добија и парична награда.

Сметам дека е особено важно да ги поддржиме младите во создавање на иновативни деловни модели со кои ќе се посветат на општествените проблеми во своите заедници преку поврзување на економски и социјални цели. Затоа наша одговорност е на учениците да им понудиме практични искуства преку кои ќе стекнат конкретни вештини за изработување на деловен план, а ќе се подобрат и нивните  претприемачки способности. Искрено се надевам дека со овој проект придонесовме да се зголеми свесноста кај младите за нивниот општествен контекст и да се изгради сензитивност и вештини со кои соодветно ќе се посветат на потребите на заедницата. Ме радува фактот дека дури 17 училишни тимови (заедно ученици и професори) зеле  учество на натпреварот и покажале навистина квалитетни идеи и сериозни познавања во оваа област. Верувам дека и натаму ќе работите на развој на вашиот претприемачки дух и способности, пред се заради зголемување на вашата конкурентност на пазарот.  Ви пожелувам успех во вашето натамошно школување, а во иднина ве гледам како лидери на домашната бизнис сцена, изјави на доделувањето на наградите градоначалникот Трајановски.

nagradi socijalna ideja1

Град Скопје во соработка со проектот на УСАИД ЈЕС Мрежа, а на иницијатива на Локалниот Економско Социјален Совет, изминатиов месец, реализираше проект за промоција на концептот за социјално претприемништво кај средношколската младина.

Во рамките на проектот беше организирана тридневна обука за концептот и важноста на социјалното претриемништво и поттикнување на развојот на социјални компании. Обуката ја следеа наставници кои го предаваат предметот бизнис и претприемништво и ученици од трета и четврта година од сите средни училишта во Град Скопје.

По обуката кoja опфати околу 60-тина учесници, секој училишен тим имаше време да развие една бизнис идеја поврзана со социјално претприемништво која беше претставена во вид на апликација со која се најавуваше учество во претстојниот натпревар.

Натпреварот  се одржа на 25-ти март, во СУГС„Боро Петрушевски,“ и на истиот беа презентирани идеите на 17 тимови од средните училишта на Град Скопје. Петчлено жири, составено од претставници од Секторот за образование и од ЛЕСС на Град Скопје, Проектот на УСАИД ЈЕС Мрежа, како и претставници од бизнис секторот, односно социјални компании го оценуваа квалитетот на пристигнатите идеи, според однапред утврдени критериуми.

nagradi socijalna ideja

Првото место на натпреварот го делеа  училишниот тим на СУГС„Боро Петрушевски“, во состав:

  • Филип Богоевски (ученик)
  • Виктор Рајчин (ученик)
  • Андреј Боцевски (ученик)
  • Мартин Николоски (ученик)
  • Ѓоко Цветковски (ученик)
  • Халиме Демир-Хоруни (ментор)
  • Александар Стрезов(ментор)

и училишниот тим на СУГС„Владо Тасевски“ во состав:

  • Даниел Стојковски (ученик)
  • Оливер Стојаноски (ученик)
  • Весна Живаљевиќ (ментор)
  • Елисавета Ангеловска (ментор)

Второто место  го делат училишниот тим на СУГС„Др Панче Караѓозов“ во состав:

  • Марија Поповска (ученичка)
  • Јован Амбарков (ученик)
  • Дарјан Живадиновиќ (ученик)
  • Изабела Јакимова (ученичка)
  • Ацо Ѓоргиевски (ментор)
  • Благојче Ѓорчевски (ментор)

и училишниот тим на СУГС„Раде ЈовчевскиКорчагин“ во состав:

  • Камелија Поповска (ученичка)
  • Данаил Кржаловски (ученик)
  • Бојан Стефановски (ученик)
  • Стефан Солев (ученик)
  • Анамарија Радојкова (ученичка)
  • Лидија Стојчева (ментор)

Третото место  го делат училишниот тим на СУГС„Георги Димитров“ во состав:

  • Марија Трпчевска (ученичка)
  • Марија Боцевска (ученичка)
  • Мариела Клековска (ученичка)
  • Кристина Миловановиќ (ученичка)
  • Михаил Трпчевски (ученик)
  • Тијана Јанковска (ученичка)
  • Надица Пиперевска Цветковска (ментор)
  • Весна Петрова (ментор)

и училишниот тим на СУГС „Никола Карев“ во состав:

  • Ѓорги Пејковски (ученик)
  • Ангела Јовановска (ученичка)
  • Јована Илијева (ученичка)
  • Снежана Бошковска (ментор)