вторник, 30 мај 2017  |  Вести денес: 32

Македонски манифест: Избори на 5 јуни за да се врати Македонија во колосек

За да се оствари тоа потребни се цврсти луѓе, а не полтрони, потребни се Македонски патриоти, луѓе кои знаат, имаат волја и кои можат да носат и спроведуваат одлуки во името на македонската држава и на македонскиот народ и да имаат храброст да ги спроведат тие одлуки, рече Мицов.

македонски манифест

Поврзани вести

Избори на 5 јуни по секоја цена, да се стави ред во македонската држава во внатрешен  и надворешен план, да се врати уставната автентичност на Македонија, да се прекинат преговорите за името и да се создаде национална стратегија, црвена линија преку која никој нема да смее да помине, со која ќе се заштитат идентитетот и името, беа пораките кои денеска на тркалезна маса ги испратија членовите на граѓанската иницијатива „Македонски манифест“ и Граѓански здруженија за суверена Македонија.

Стефан Влахов Мицов истакна дека оваа тркалезна маса има за задача да даде конкретни решенија за одбрана и отпор на Македонската независност, име и идентитет.

-Со изборите и со новата Влада, ќе биде прекинат договорот од Пржино, нелегитимното и паралелно Јавно обвинителство. Избори на 5 јуни и по 5 јуни Македонија да се врати  во колосекот на самостојните и независни држави. За да се оствари тоа потребни се цврсти луѓе, а не полтрони, потребни се Македонски патриоти, луѓе кои знаат, имаат волја и кои можат да носат и спроведуваат одлуки  во името на македонската држава и на македонскиот народ и да имаат храброст да ги спроведат тие одлуки, рече Мицов.

Поетот Ефтим Клетников истакна дека ретко кој друг народ како македонскиот бил изведуван на губилиште.

-Историското искуство покажува дека спасот може да го побараме само во нас, треба да ја подигнеме на значително повисоко ниво својата самопочит и решително да им кажеме не за промена на името на тие што не водат на идентитетско губилиште. Да им кажеме на ЕУ и НАТО дека не сакаме во нив обезименети, без својот автентичен исконски идентитет, истакна Клетников.

Според него на Македонија и е потребна национална стратегија, која за жал ја немаме и преку која граница никој нема да помине и таа национална стратегија треба конечно да биде дефинирана.

Тони Науновски истакна дека не смее да се дозволи било каква промена на државното име Р. Македонија.

Имаше еден период во нашата понова историја во кој што постоеше консензус помеѓу двете најголеми политички партии односно ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ. Имаше консензус дека нема да има промена на име и доколку би имало некоја промена тоа би требало да биде на референдум. Овој став се уште за среќа опстојува кај ВМРО-ДПМНЕ, но во последните неколку години откако дојде црпнатиот лидер од Муртино на чело на СДСМ за жал и таа добра работа, единствената добра кај СДСМ ја делегитимира, рече Науновски.

Најчитани вести