Путин: Турција дозволува влез на вооружени групи во земјата

Рускиот претседател, Владимир Путин денеска изјави дека Турција досега не покажала дека е во состојба да го спречи влезот на вооружени групи од соседните земји.

– За жал, добро знаеме дека властите во Турција не можат да го спречат влезот на вооружени групи од соседните земји, бидејќи веројатно соработуваат со нив, истакна Путин на форумот на „Единствена Русија’, каде зборуваше за туризмот и безбедноста на руските туристи.

Тој го спомена и Египет, како омилена дестинација на Русите, нагласувајќи дека „и таму треба да се направи уште многу за локалните власти да гарантираат безбедност“.