Илјадници граѓани од собирот на ГДОМ во Битола порачаа: Избори на 5. јуни за излез од кризата

Неколку илјади граѓани вечерва излегоа и ја дадоа својата поддршка на собирот на ГДОМ во Битола. Тие уште еднаш јасно порачаа – избори на 5. јуни за излез од кризата.

– Да живее Република Македонија, да живее демократијата. Бараме и очекуваме избори на 5. јуни оваа година, а граѓаните во Македонија ќе ја дадат довербата на оние кои што тие сакаат, порача музичарот Сашко Савевски од Битола.

gdom-bt2

Од пред офицерскиот дом во Битола, илјадниците граѓани продолжија да се движат преку Широк сокак со цел да одржат еден протестен марш до плоштадот Магнолија.