сабота, 26 ноември 2016  |  Вести денес: 0

ГДОМ во Битола: Илјадници граѓани кажаа „НЕ“ за вандалското сквернавење

gdom-bt2

Поврзани вести

Со неколку илјади граѓани Граѓанското движење за одбрана на Македонија вечерва од Битола јавно кажа „НЕ“ за вандалското уништување на македонската непобитност. Граѓаните уште еднаш порачаа дека бараат избори на 5. јуни за излез од кризата која долго трае.

Две години по ред опозиционерите бараа да се излезе на избори, ги добија на 24 април. Бараа да се пролонгираат, рече на граѓанскиот собир, музичарот и граѓански активист, Сашко Савевски.

savevski

-Сега се на 5 јуни, па кога бараат избори нека излезат и да им дадеме шанса на граѓаните на Република Македонија, да одлучат што сакаат? Дали сакаат вака мирољубиви луѓе, или пак узурпатори на државен имот, вандализираат со фрлање на разни бои, рече тој.

gdom

Според Савевски, не може и нема да се дозволи уништување на македонската историја и култура.

gdom1

-Јавно истакнуваме – „не“ за вандалското уништување на македонската непобитност, „не“ на вандалското сквернавење на македонските споменици, на македонската историја и култура, рече Савевски.

gdom3.

Протестниот марш се одвиваше од споменикот на Стив Наумов до споменикот на Филип Втори на Широк Сокак во Битола

Најчитани вести