понеделник, 26 декември 2016  |  Вести денес: 45

Ердоган во посета на Хрватска

Претседателот на Турција Реџеп Таип Ердоган ќе допатува денеска во дводневна посета на Хрватска, во чиј тек ќе има средби со хрватскиот државен врв, а ќе се одржи економски форум на кој ќе учествуваат претседателите на двете држави и стотина стопанственици.

ердоган

Последни вести

На состанокот на лидерите на Хрватска и Турција ќе се разговара за билатерални прашања, за бегалската криза, борбата против тероризмот и економијата.

Хрватските медиуми наведоа дека Турција очекува од Хрватска силна поддршка за продолжување на преговорите за влез во ЕУ, пренесува Танјуг.

Се очекува дека на разговорите меѓу турските и хрватските политички претставници во Загреб ќе присуствуваат и членови на Претседателството на БиХ.

Посетата на Ердоган на Загреб, како што се оценува, има и поважна политичка димензија, пред се околу бегалската криза и борбата против тероризмот.

Загрепскиот весник „Јутарњи лист“ пишува дека претседателот на Турција во Загреб доаѓа по неочекуваното и речиси драматично доаѓање на шефот на ЦИА Џон Бренан минатата недела во Сараево, како и завчерашната посета на германската канцеларка Ангела Меркел и Доналд Туск на јужна Турција.

Меркел сакаше да се увери во бегалскиот камп на границата со Сирија, дали Турција корисно ќе ги искористи ветените шест милијарди евра за бегалците.

Почнаа првите исплати од новооснованата институција на ЕУ за бегалците во Турција, а за Меркел е многу важно да добие турски гаранции за идната соработка.

Судењето на новинарите Кан Дундар и Ердем Гулу, кои објавувале текстови во кои тврдат дека Турција испорачувала оружје на сириските бунтовници и го критикувале претседателот Ердоган, ги искомплицира германско-турските односи, наведува весникот.

За Хрватска се што во овој момент се случува на турско-грчката граница е од исклучителна важност, бидејќи остварување на нова бегалска рута преку Косово и Црна Гора до југот на Хрватска би било погубно за туристичката сезона.

„За размерите на бегалската криза и улогата на Турција ќе се разговата и во Загреб. Ние и тоа како сме заинтересирани и за безбедносниот аспект кога се работи за тероризмот, па и тоа ќе биде една од темите на разговорите на Грабар-Китаровиќ и Ердоган‟ – изјавено е за „Јутарњи“ од кабинетот на претседателката.

Инаку, Ердоган во Загреб ќе допатува од Баку, каде учествува на Седмиот глобалне форум на Сојузот на цивилизациите.

Загреб долго се подготвуваше за пристигнувањето на турскиот претседател, кој поради неговите бројни обврски посетата беше одложувана.

Весникот наведува дека турскиот претседател искажал голем интерес за посетата на Хрватска, поради „нагласеното пријателство и добрата соработка меѓу двете држави‟.

„Јутарњи лист“ ги цитира зборовите на советникот на претседателката, Мате Граниќ, кој рече дека лично „во својата долгогодишна дипломатска активност се уверил колку на Турција и значи Хрватска и постојано се стреми односите да бидат што подобри‟.

– Кога последниот пат ја посетив Турција и кратко се сретнав со претседателот Ердоган, ја стави раката на градите и рече „Хрватска е во моето срце, рече Граниќ за „Јутарњи лист“.

Најчитани вести