„Алкалоид“ отвори Центар за контрола на квалитетот

Алкалоид АД Скопје денеска го пушти во употреба новиот капитален објект – Центар за контрола на квалитетот, инвестиција вредна над 5 милиони евра. Новиот Центар се простира на површина од 3.000 квадратни метри и во него се изведува контрола на суровини, контрола на секундарна амбалажа, контрола на фазно производство и готови производи, микробиолошка контрола и стабилност на фарамацевтски производи, валидациони ктивности и мониторинг и изработка на аналитичка документација за регистрационите активности за фармацевстските производи.

За таа цел опремени се лабораторија за фарамацевтски производи, сектор за аналитички развој, сектор за стабилност на комерцијлни серии, микробиологија и оддел за приготвување документација за тековно работење и за регистрациони цели. Центарот има две простории за чување мостри и придружн административни простории.

контрола

Центарот за контрола на квалитет на лековите е опремен со високо софистицирана опрема од реномирани светски производители според најстрогите стандарди за добра производна пракса. Во Центарот за контрола на квалитет ќе работат над 100 високо стручни извршители за која квота во моментов има 26 нови вработувања. Седумдесет проценти од вработените се со високо образование, а дел од нив се специјалисти и магистри по науки, рече во обраќањето пред присутните генералниот директор и претседателот на Управниот одбор на Алкалоид АД Скопје, Живко Мукаетов.

alkaloid3

alkaloid6

Воедно, за функционирање на објектот обезбедени се соодветна вентилација за одржување константна температура и квалитет на воздухот, систем за продукција и дистрибуција на прочистена вода, компримиран воздух и останати индустриски медиуми.

Во Центарот за контрола ќе работат над 100 високо стручни извршители, за која квота во моментот има 26 нови вработувања. Со високо образование се 70 отсто од вработените,  а дел од нив се специјалисти и магистри по науки.

alkaloid2

Присуството на Алкалоид АД Скопје на пазарите во над 30 земји во светот налага постојано тежнеење за отворање нови перспективи и внимателно следење на барањата на строгите светски стандарди во областа на здравството и фрмацијата.

Новиот Центар зза контрола на квалитетот во таа насока ја потврдува стратешката определба на компанијата за производство на квалитетни, ценовно достапни, безбедни и ефикасни лекови изработени соглсно најстрогите светски стандарди.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.