четврток, 24 ноември 2016  |  Вести денес: 67

МВР го бара Горјан Тозија поради фрлање јајца на Порта Македонијa

Горјан Тозија се товари за оштетување на објект од посебно културно значење.

gorjan-tozija

Последни вести

По барање на Јавното обвинителство, полицијата повела постапка против Горјан Тозија, филмски продуцент и поранешен советник во Kабинетот на бившиот претседател, Бранко Црвенковски, објави Нова ТВ.

СВР Скопје имале добиено известување дека Порта Македонија е објект од посебно културно значење и пријава за кривично дело Оштетување на туѓи предмети по чл.243 ст.2 од КЗ на РМ.

Од лицата учесници во протестот кои вршат оштетување на Порта Македонија утврдено е лицето Горјан Тозија. Од СВР Скопје пуштена е покана, но е утврдено дека лицето не живее на наведената адреса. По негово обезбедување ќе се поднесе соодветен поднесок до ОЈО Скопје.

Горјан Тозија се товари за настанот од 16.04.2016 година кога за време на одржување на протестот од страна на демонстрантите беа фрлани балони со боја и јајца, со што според обвинителството било сторено кривичното дело оштетување на објект од посебно културно значење.

Најчитани вести