Чанаќевиќ: Културата и уметноста да не се ставаат во ист контекст со политиканството

Се надевам дека сите оние уметници кои денеска го употребија терминот „тортура“ навистина добро го знаат и правилно го толкуваат неговото значење. Се прашувам себе си, а и останатите „тортурирани“ уметници како би изгледале уметноста и културата кога би биле под тортура?, вели во писмото Маја Чанаќевиќ, директор на НУ Македонска филхармонија.

Дали ако имаше тортура ние сите денес сеуште ќе комунициравме нормално и со радост ќе разменувавме мислења за музиката, за големите солисти, композитори, програми, ќе зборувавме за идни проекти и тн… Дали ќе ни беше олку убав и млад оркестарот и ќе имаше таква свежа крв и елан за создавање прекрасна музика, концерти, дали денес ќе шетавме во просториите на новата концертна сала и ќе си ги разгледувавме канцелариите, собите за вежбање, големата, малата сала…

Почитувајќи го правото на слободна волја и изразување на секој човек, апелирам, културата и уметноста и убавите нешта во неа да не ги ставаме во ист контекст со политиканството. По секоја цена да не се валка нечиј труд и залагање да се сменат нешатата за да бидат подобри. Денес кога секој има „став“ лесно е да се критикува (и добро е да се има критичко мислење), но многу потешко е да се работи и со сработеното да се покаже дека може и подобро. Ако сакаме да сме Европа и светот, впрочем како што ќе е и новиот дом, согласно сите највисоки европски и светски стандарди, неминовно ќе мора и да работиме и европски и светски. И за крај, ќе се повикам на големиот Киш (Данило) кој пред неколку децении не замоли нас уметниците: „не творете/не делувајте според нарачката на денот!“, вели Чанаќевиќ.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.